![testovi koronavirus kovid-19](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/testovi-koronavirus-kovid-19.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19. Во Скопје – 114, Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Евидентирани се 124 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола – 16, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Тетово и Куманово – по 3, Делчево, Велес, Гевгелија и Кичево – по 2, Гостивар, Неготино, Струмица, Ресен, Свети Николе и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172