Нови 20 дела од светската научна литература преведени на македонски

Нови 20 дела од светската научна литература преведени на македонски

Нови 20 дела од едицијата Врвови на светската филозофија, историја, психологија и психоанализа се преведени на македонски јазик.

Денеска во просториите на Македонскиот народен театар беа промовирани нови наслови од овој проект кој е од големо значење за македонската култура, историја и наука, со оглед на тоа што за прв пат се преведени на македонски јазик.

На промоцијата присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски кој истакна дека придобивките од ваквите преводи се повеќекратни и долгорочни.

knigi1

-Поттикнати од состојбата во македонската култура во изминативе години иницираме крупни проекти како што се: Превод на 100 книги, Ѕвезди на светската книжевност и Врвови на светската филозофија, историја, психологија и психоанализа. Со тоа Македонија целосно се отвори кон светската, односно западната научна мисла, изјави Груевски.

knigi4

Со овој проект, додаде тој се прави значаен скок, особено што овие дела за прв пат се преведени на македонски јазик.

Изборот е правен на внимателен и критички начин, подвлече Груевски и упати апел овие книги да го заземат своето место во нашиот високообразовен систем.

knigi2

-Од 1 јули 2015 година во Националната универзитетска библиотека и во другите библиотеки низ државава ќе може да се купат сите овие книги и едиции. Истите ќе можат да се купат како комплети, но и поединечно, а ќе можат да се плаќаат на рати, додаде Груевски.

Министерката за култура, Елизабета Кначеска-Милевска подвлече дека овие преводи биле до сега најголем предизвик.

-Особено е важно што со овие преводи се прави афирмација на македонскиот јазик и го потврдува местото на македонскиот јазик, меѓу високо развиените јазици во светот, заклучи таа.

knigi3

Академик Витомир Митревски подвлече дека преводите на овие 20 книги се од особено значење кога станува збор за терминологијата на македонски јазик, кој воедно била многу важна задача на овој проект, затоа што се користени соодветни термини на македонски јазик.

Со тоа, додаде тој по долго време се внесе македонската терминологија наместо интернационалната терминологија, што е од особено значење за македонскиот јази