Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 598 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (34), има 9 реинфекции.
Оздравеле 47 пациенти од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата за починати во период од 17.09 до 01.10.2022година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556, а бројот на активни случаи изнесува 320.