Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје, со што бројот на возачи изнесува 623, што е гаранција за секојдневно непречено функционирање на јавниот превоз. Од претпријатието до овој момент нема заминати возачи, освен лицата кои под редовни услови заминуваат во пензија.
„Апелираме корисниците на јавниот превоз да не потклекнуваат на обидите за ширење на лажни вести од одредени политички структури дека „автобусите ќе застанат“ поради немање на возачки персонал.
Напротив, полека, но сигурно, се подобруваат условите за работа на вработените што е предуслов за подигнување на квалитетот на јавниот превоз. Спорадичните случаи на сообраќајни незгоди и контроли во градот врз кои претпријатието нема влијание, а поради кои се случува да доцнат автобусите се ставаат во дневно политичката агенда на напади врз ЈСП Скопје.
Во последните неколку месеци два пати на сите вработени во ЈСП Скопје платата им е покачена и истата се исплаќа во законски определениот рок и покрај тоа што за прв пат по децении за ЈСП не се одвојуваат и исплаќаат средства за студентскиот стандард.
Како никогаш досега, се вложуваат напори за подобрување на работната атмосфера и функционирањето на јавниот превоз и покрај медиумската хајка и непринципиелните дневно-политички агенди“, соопштија од ЈСП.