Планирани се 350 нови вработувања во здравството, потврди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и додаде дека процесот за нивно вработување започнува уште следната недела.
Првиот оглас ќе започне веќе следната недела, а секоја болница ќе објави сопствен оглас. Овие вработувања на различен медицински персонал ќе претставуваат силно зајакнување на македонското здравство, истакна Груевски.
Од планираните 350 вработувања во зависност од потребите на медицинските установи ќе бидат вработени доктори, медицински сестри, лаборанти и друг персонал.