![p-makedonski-shumi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/p-makedonski-shumi.jpg?resize=696%2C493&ssl=1)
На еден месец пред формирање на Техничката влада, масовно вработување во најава има и во „Македонски шуми“. Како главен критериум за вработување и тука е потенцирана етничката припадност, но, апсурдот е што станува збор за населени места каде што реално не може да се најдат такви работници, а згора на тоа, таквиот начин на туркање на Законот за вработување во јавниот сектор, лесно станува основа за меѓуетнички тензии.
Имено, според најновиот оглас на „Македонски шуми“, за правична застапеност се бараат 12 сечачи Албанци, во општина во која според последниот попис живее само еден Албанец.
Освен Берово, според огласот се забележува и дека Албанци се бараат и во други етнички македонски општини, како Крива Паланка, Демир Капија, Кавадарци…
Колку СДС-овци во Берово ќе се пишат за Албанци?! Каква анационална помија со НУЛА државотворен капацитет е СДС pic.twitter.com/35hzj4IFhb
— Мојсоска (@Mojsoskata) December 29, 2023
На ваквите незаконски вработувања реагираше и Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„На само еден месец пред техничка влада, СДС и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација со партиски послушници. Објавен оглас за вработување во Македонски шуми 355 лица и 157 во АД Водостопанство. И двете државни претпријатија се загубари, преживуваат со позајмици а, платата и доцни со месеци. Мислат на овој начин со вдомување на партиски војници ќе го намалат поразот на парламентарните и претседателски избори. Но, се лажат!“, кажа Трипуновски.