Нови 54 места во домот за стари лица во Пробиштип

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потпишаа договор за изведување на градежни работи со цел пренамена на јужното крило на здравствениот дом „Неда Михајлова“ во домот за стари лица.

Изградбата е согласно програмата на Владата за изменување и дополнување на програмата за изградба, опремување и одржување на објектите за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година.

Домот ќе има капацитет за 54 лица, додека за проектот за адаптација се предвидени да бидат инвестирани над 8 милиони денари за опрема и плус над 34 милиони денари од Буџетот на Министерството.

Тренчевска за време на потпишување на договорите истакна дека по примерот на Општина Пробиштип, сите општини треба да бидат проактивни и да предлагаат проекти со кои ќе овозможат еднакви можности за сите граѓани.