Нови 58 заболени од коронавирус во Хрватска

Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се нови 58 случаи на заразени од коронавирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 633.

Меѓу нив 111 пациенти се во болница, од кои седум на респиратор.
Денеска нема починати од Ковид-19, а повеќе од 2.300 луѓе се во самоизолација.

Од првиот забележан случај во Хрватска досега со коронавирус се зарзија 5.376 луше, од кои 154 починаа, а оздравеа 4.589

Вкупно се тестирани 124.383 лица, од кои 1.167 во последните 24 часа.