Нови 609 коронаинфекции во Црна Гора и седум починати

Црногориските здравствени во петокот пријавија 609 нови случаи на коронавирусот, и седум починати.

Половината од новозаразените инфекции се потврдени во лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, а другата половина е во Германија, каде што се испратени примероци на анализа поради преоптовареност на црногорскиот систем. Како што пристигнуваат резултатите од тестовите во Германија, тие кумулативно се пресметуваат по денови.

Во Црна Гора во моментов се активни 4.484 случаи, што е 712 случаи на 100.000 жители.

И натаму најмногу заразени на дневно ниво има во Подгорица, каде што живее третина од вкупното црногорско население, па главниот град е на границата да влезе во „црвената зона“ според бројот на новите зарази.

Во „црвената зона“, кога се предвидува затворање на угостителските објекти и воведување полициски час, во моментов се четири црногорски градови: Колашин, Будва, Плевља и Улцињ, а се очекува одлуката во нивното „затворање“ да биде донесена во текот на викендот.

Според црногорските здравствени власти, ваквите мерки дале резултат во Никшиќ, Берание и Андријевица, каде бројот на новозаразените е намален, па и на почетокот од седмицава беа ублажени мерките во овие градови.