Нови 66 случаи на коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 21.10 до 23.10.2022): регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од Скопје.
Во текот на изминатите 3 дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,  не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.