Нови 75 случаи на Ковид-19, нема починати во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 61, Битола – 6, Кочани – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и Пробиштип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции.

Има 60 оздравени пациенти од: Скопје – 29, Битола – 10, Штип – 7, Гостивар – 5, Тетово – 2, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Делчево, Берово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица. Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Тие починале во период од 15.05. до 07.06.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.