Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 во : Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 14 реинфекции.
Има 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид – по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип – по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово – по 2, Куманово, Струмица и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г). Сите во болнички услови и во период од 17.04 – 17.05.2022 година.
Досега во Македонија се направени вкупно 2.042.527 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а на активни случаи изнесува 542.