Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.774 тестови, а се регистрирани нови 792 случаи на КОВИД-19: Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (792), има 203 реинфекции.
Оздравеле 317 пациенти од: Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, две лица починале, едно од Скопје (79г) и едно Гостивар (75г), двете во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а на активни случаи изнесува 3.595.