Нови американски војници пристигнаа во Полска

Авион со американски војници слета во Полска и во неделата, во рамките на настојувањата на САД да го засилат источното крило на НАТО во заднината на ескалацијата на тензиите со Русија во врска со ситауцијата околу Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди во средата распоредување на дополнителни 3.000 американски војници во Полска и во Романија, во настојувањата на Вашингтон да ги увери своите сојузници дека цврсто стои зад нив и за да го заштитат источното крило на НАТО од потенцијално прелевање на кризата од Украина.

Пентагон претходно седмицава објави дека ескадрилата „Stryker“ со колу 1.000 американски војници стационирани во базата кај Филсек во Германија ќе бидат испратени во Романија. Околу 1.700 припадници од 82-та воздрушно-десантна дивизија од базата Форт Браг во Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска. Покрај тоа, 300 други американски војници ќе бида прекомандувани од Форт Браг во Германија.

Првите делови од борбената група од 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија пристигнаа во саботата во воената база Жешов на југоистокот на Полска. Стануваше збор за помал авион со американски командан персонал, предводен од командантот на 82-та воздушно-десантна дивизија генерл-мајорот Кристофер Донахју. Истовремено на аеродромот Жешов-Јасионка слетаа и неколку помали авионит со американска воена опрема и извидувачка единица.

Не е познато колку војници пристигнале во неделата во Полска, но американскиот воен транспортен авион од типот „C17“ може да префрли 102 падобранци со целокупната опрема, според интернет страницата на американското воено воздухопловство.

„Нашиот државен придонес во Полска ја покажува нашата солидарнот со сите наши сојузници во Европа. Очигледно е дека во текот на овој период на неизвесност знаеме дека сме посилни“, изјави Донахју во неделата.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак неколку минути по слетувањето на американскиот воен авион изјави дека тоа е првата група американски војници „од елитна единица“.

„Уште авиони ќе слетаат наредните часови. Војниците ќе дејствуваат во југоисточниот дел од нашата земја“, додаде министерот.