Потпретседателката демократката Камала Харис, и поранешниот претседател републиканецот Доналд Трамп и натаму водат тесна трка во седумте решавачки сојузни држави на само две седмици пред претседателските избори во САД на 5-ти ноември, покажа анкетата на дневниот весник The Washington Post и колеџот Schar School.
Поранешната обвинителка Харис, води во Џорџија со 51 спрема 47, а републиканскиот кандидат е малку понапред во Аризона со 49 спрема 46 отсто, а и двата резултати имаат маргина на грешка од плус или минус 4,5 процентни поени.
Харис, која стана кандидатка на Демократската партија откако актуелниот американски претседател Џо Бајден летово под притисок од влијателните сопартијци и донатори се повлече од обидот да биде реизбран, има предност и во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, три држави каде што подоцна во понеделник ќе води кампања заедно со поранешната републиканска пратеничка Лиз Чејни, ќерка нарепубликански воинствен „јастреб“ и неоконзервативец Дик Чејни.
Дик Чејни беше потпретседател на републиканскиот претседател Џорџ Буш од 2001 до 2009 година. Групите за човекови права своевремено жестоко го критикуваа за неговата голема улога во започнувањети и планирањето на војните во Авганистан и Ирак, во кои имаше многу цивилни жртви и кршења на човековите и правата на војување, потсети Reuters кога во септември тој јавно објави дека ќе ја поддржи Харис.
Трамп води во Северна Каролина и е изедначен со Харис во Невада со 48 насприти 48, според одговорите на 5.016 гласачи анкетирани во периодот од 30-ти септември до 15-ти октомври. Поранешниот претседател ќе одржи митинг во Северна Каролина подоцна во понеделникот, откако ќе биде на увид на неодамнешната штета од ураганот Хелена.
Седумдесет иосумгодишниот Трамп се кандидира за Белата куќа трет последователен пат а по мандатот по кој беше поразен од Џо Бајден во 2020 година, за што продолжува да обвинува за масовна изборна измама, а меѓу другите обвиненија се соочува и со кривична пријава за наводен обид да ги поништи изборните резултати. Републиканскиот кандидат негира дека сторил нешто лошо во двата случаи.
Шеесетгодишната Харис, пак, е поранешен локален обвинител, државен обвинител и американски сенатор која се обидува повторно да изгради разновидно електорат од млади, женски и не-бели гласачи, како и да придобие некои републикански гласачи кои не ги прифаќаат политиките на Трамп.
Резултатите ги повторија другите неодамнешни анкети кои покажуваат тесна трка во седумте сојузни држави, иако Харис има предност на сојузно ниво, според некои анкети.
Севкупно, 49 отсто од гласачите рекле дека имаат намера да гласаат за Харис, а 48 отсто го поддржуваат Трамп, покажа анкетата на The Washington Post. Анкетата на Reuters/Ipsos минатата седмица покажа дека Харис има стабилно но во рамките на маргината на грешка водство од 45 наспроти 42 отсто за Трамп.
Меѓутоа, резултатите од електорските гласови по сојузните држави ќе го одредат победникот во трката во првата седмица на ноември. Седумте држави во кои се водат најголемите битки, според сите проценки, веројатно ќе бидат одлучувачки.