Нови апарати на Неврологија за подобар третман и дијагноза

Нови два апарати транскранијален доплер и апарат за промена на плазма доби Универзитетската клиника за неврологија, една од најфреквентни клиники во Македонија.

Апартите веќе се ставени во функција и денеска клинката ја посети министерот за здравство Никола Тодоров.

„Транскранијален доплер е апарат кој досега го немало во јавното здравство во Р. Македонија и силно ќе помогне и во превенцијата и во детектирањето, а потоа и во третманот на мозочните удари и патологијата која што е предмет на работа на оваа клиника. Апаратот за промена на плазамa е апарат кој предходно го немало на клиниката и овие пациенти биле третирани на Клиниката на нефрологија на апаратите за дијализа со што се прочистувало само 40% од плазмата, а со овој апарат се прочистува 80, а потоа и 100% од плазматa преку користењето на овој апарат и третманот што може да се добие на овој апарат,“ истакна Тодоров.

Министерот очекува дека со овие два апарати, особено со доплерите, ќе се намали листата на чекање која ја има веќе на Kлиниката на кардиологија. Таму се чека подолго време затоа што има потреба од таков тип на преглед на повеќе клиники. Со овие апарати исто така ќе се зголеми точноста на дијагностицирањето.

Овие два апарати се од огромно значење за Универзитетската клиника за неврологија и со нив ќе се подигне нивото на квалитет на здравствени услуги.

Министерството за здравство за овие апарати одвои шест милиони денари.