Нови цени на дизел горивата

цена
Petrol pump

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,347 денари по килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,498 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за 1,36 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.