
Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.
Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95, ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар.
Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 73 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 71,50 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот за 0,275 ден за килограм, па тој ќе се продава по цена од 44,381 денари за килограм.