Нови четири лица ја изгубија битката со коронавирусот во Тетово

Четири лица на возраст на 63, 68, 73 и 74 години починаа како последица од коронавирус во изминатите 24 часа во Тетово.

Во моментов вкупно хоспитализирани се 106 пациенти, од кои 104 се на кислородна поддршка.

Бројот на прегледи во амбулантскиот дел изнесувал 149.