Четири нови лица од Дебарско се позитивни на коронавирусот, потврди денеска министерот за здравсто Венко Филипче. Во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласена кризна состојба.
– Се влошува состојбата на првата пациентка од Дебар. Таа е на граница да биде ставена на апарат за дишење – рече Филипче.
На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура.
„Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече Филипче.
Целосно се почитува забраната за влез на странски државјани од земјите со висок ризик.
„Не можеме да бидеме сигурни со каква динамика ќе се шири вирусот. Овие мерки се сериозни и ова не е шала. Значи кога велиме нема собири-нема собири. Ова мора да се почитува. Не може вака неодговорно да се однесуваат луѓето“, истакна Филипче.
Со новите заболени, Во Македонија има 12 случаи позитивни на Коронавирусот.