Безбедносните сили на Мјанмар отворија оган на демонстрантите против власта на хунатата во саботата, усмртувајќи четир лица, пренесуваат медиумите, додека војската уште посилно започна да одговара на отпорот со издавање налозо за апсење на онлајн критичарите и со интернет блокади.
И покрај тоа што безбедносните сили убиле повеќе од 550 лица од пучот во 1-ви февруари, според опозициските струи и станските медиуми, демонстрантите секој ден излегуваат на улиците, често во помали групи и во помалите градови, за да го изразат несогласуваетпо со наметнувањето на военото владеење.
Безбедносните сили во централниот град Монјуви, отвориле оган врз група луѓе при што убиле три лица, извести информативниот портал Myanmar Now.
„Почнаа без прекин да пукаат и со гранати за шокирање и со вистински куршуми. Луѓето се повлекоа и брзо поставија бариери, но куршум го погоди лицето пред мене во главата. Умре на самото место“, изјавил за Reuters учесник на протестите во Монвији преку апликација за размена на пораки кој барал да не биде именуван.
Еден маж е смртно застрелан во јужниот град Татон, извести The Bago Weekly Journal. Овој информативен портал претходно извести дека едно лице е убиено во Баг, но подоцна објави дека е лицето е ранео и не починало.
Полицискиот и портпаролот на воена хунта не одговарале на телефонските повици од Reuters за коментар.
Активистичката група Здружение за помош на политичките затвореници, во соопштението ден претходно наведе дека безбедносните служби убиле 550 лица, меѓу кои 46 се деца, откако војската ја собори избраната влада предводена од Аунг Сан Суу Кји обвинета за корупција и политички хаос.
Протестите кои привлекоа десетици илјади луѓе во првите денови на отпорот во големите градови, главно сега се запрени а противниците на превратот почнаа да изведуваат ткн „герилски протести“, односно мали брзи искажувања на отпорот пред безабедносните сили да можат да одговорат на нив.