![aguero disenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/aguero-disenje.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Челниците на Барселона денеска открија нови детали за здравствената состојба на напаѓачот Серхио Агуеро. Агуеро на натпреварот против Алавес во еден момент се фати за градите, и легна на тревата по што итно беше однесен во болница на детални прегледи.
Сега клубот потврди дека Аргентинецот во наредните три месеци ќе биде надвор од тимот.
„Агуеро е примен на дијагностички и терапевтски третман кај доктор Бургаде. Моментно не е во комбинација на настап и така ќе биде во наредните три месеци ќе трае процесот на опоравување“, стои во соопштението на Барселона.