
Неколку средни и основи училишта во Скопје, како и Основниот суд во Охрид добиле електронска дојава дека во овие објекти е поставена експлозивна направа.
Учениците и персоналот од училиштата се евакуирани, а исто е сторено и со вработените во охридскиот суд.
На терен се припадници на МВР кои започнале потрага по евентуално поставените експлозивни направи.