Во СВР Скопје денеска околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.