Нови избори и самостојна македонска влада

Во споредба со хаотичното одржување на македонската држава од 1991 година до денес, странските фактори плански ја уништуваат. Ние личиме на деца (во суштина, голем дел од нашите министри и пратеници се такви) кои понекогаш се емотивни, понекогаш смирени, понекогаш недоветни. Сето тоа е карактерно за луѓе во пубертет, кои малку знаат ама сакат да се прикажат како многузналци. Тврдоглавоста и егото ги тераат да не се консултираат меѓусебно, а комплексите – да прифаќат сугестии и уцени од непријателите.

Не знам дали остана писмен човек во Македонија, кој не дал изјава за албанската платформа. Се тресеа квалификации дека била контроверзна, глупа, небулозна и така натаму.

ВО СУШТИНА, ТАА Е МНОГУ ОПАСНА, ЗАТОА ШТО Е СТРАТЕШКИ ИЗДРЖАНА И НЕЈЗИНИТЕ 30-ИНА ТОЧКИ СЕ КАКО ТЕМПИРАНИ БОМБИ. АКО БИДЕ ПРИФАТЕНА САМО ЕДНА ОД НИВ, СЕ РУШИ ДО ОСНОВА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ИСТО КАКО СО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ ДУРИ И МЕНУВАЊЕ НА ЕДНА БУКВА.

Кој и каде се напиша ова платформа?

Поранешната пратеничка Солза Грчева ефектно, но неточно изјави:

„Драфтот се напиша во Берн, целиот текст во Тирана, а се завери кај нотар во Приштина“.

ВНИМАТЕЛНАТА АНАЛИЗА НА ПЛАТФОРМАТА И РЕДОСЛЕДОТ НА ТОЧКИТЕ ВО НЕА Е НАПРАВЕН ПО ТЕРКОТ НА ЦИА.

Да ги видиме и суровите факти:

Прво, неколку денови пред македонските избори во посета на Албанија е директорот на ЦИА, Џон Бренон, кој се среќава со премиерот Рама и со претседателот Нишани. БРЕНОН ИМ СООПШТУВА ЗА ИДНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ И ИМ ДАВА СООДВЕТНИ ИНСТРУКЦИИ.

Второ, на 12 декември амбасадорот Бејли ВЛЕГУВА ВО ДИК за да ги трансформира резултатите во корист на СДСМ. Не се крие, затоа што се чувствува победник (потоа демантира дека бил во ДИК). САМО ШТО ДЕЈСТВИЈАТА МУ СЕ СПРЕЧЕНИ ОД ЕДНА СВЕТСКА СИЛА. Истиот ден, Рама ги кани лидерите на албанските партии во Македонија на состанок на 13 и 14 во Тирана, а збеснетиот Бејли ја активира Беса и СДСМ да поднесат приговори во ДИК.

Трето, Рама остварува средби со албанските лидери, а Ахмети наводно одбива, но на 15 оди во Тирана и се среќава и со Рама, Нишани и со претседателот на Собранието Илир Мета. Со тоа Вашингтон и Тирана потврдуваат дека Ахмети е нивно главно оружје во Македонија.

Четврто, по неуспешниот обид на Ахмети да ги собере лидерите на Беса, Алијансата на Албанците и ДПА на општа средба, па на 29 декември сите се повикани во Тирана, каде со Рама ја примаат одамна готовата нацрт-декларација. Таа намерно не се објавува до 7 јануари, кога е македонскиот Божик.

КРАТКО КАЖАНО, ТЕКСТОТ НА АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА Е ДОНЕСЕН ОД ВАШИНГТОН ИСТО КАКО И ТЕКСТОВИТЕ ЗА РАМКОВНИОТ И ЗА ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР. ПОТФАТОТ НА ЦИА ЛИЧИ КАКО ВО ОБЈАВУВАНЕТО НА ПЛАТФОРМАТА НА БОЖИК, ТАКА И ВО ПОРАНЕШНОТО МАСОВНО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКОТО ЕЗЕРО ПРЕД ВЕЛИГДЕН.

Во стилот на ЦИА, платформата е мешавина од лаги и барања, како барањата се базирани врз лагите. Тоа се забележува уште во првото барање:

„Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот“.

ВО ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР КОЈ ЦЕЛОСНО Е ПРЕТОЧЕН ВО УСТАВОТ, НЕМА КЛАУЗУЛА ЗА ‘ЦЕЛОСНА ЕДНАКВОСТ’. НИТУ ПАК ВО УСТАВОТ АЛБАНЦИТЕ НЕ СЕ ПРИЗНАТИ КАКО ‘ДРЖАВНОТВОРЕН НАРОД’, како се тврди во второто барање. Тоа е исто како тврдењата на ЦИА дека Ирак имал хемиско оружје и затоа Садам Хусеин морал да биде симнат од власт. По војната се дозна дека ЦИА лажела, но вистинската цел – окупација врз Ирак, беше реализирана.

Во стилот на ЦИА е редоследот на „тешки“ и на „леки“ барања. По тешкото барање за менуване на државното знаме, химната и грбот, следува барање на Резолуција во Собранието, со која се осудува наводниот геноцид врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912-1956. Каква е вистинската цел на ова барање?

Прво, да се прикажат Србите пред Втората светска војна и Македонците потоа како терористи во однос на Албанците. Експертите на ЦИА размислуваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ може да падне во стапица и да го спореди геноцидот врз Македонците од страна на српската власт, со таков на Србите врз Албанците. На тој начин да се заострат уште повеќе односите на Македонија со Србија. Идејата за периодот 1944-1956, е пак ВМРО-ДПМНЕ да падне во идеолошка стапица. Се знае дека комунистичката власт во тој период ги гонела вмровците и сега кон нив да се додадат и Албанците. ВО СУШТИНА, И ВО ОСМАНЛИСКОТО ВРЕМЕ, И ВО ПРЕДВОЕНА И ПОВОЕНА ЈУГОСЛАВИЈА, АЛБАНЦИТЕ ЖИВЕЕЛЕ „КАКО БУБРЕК ВО ЛОЈ“, ЗАТОА НАТАЛИТЕТОТ МАСОВНО ИМ СЕ ЗГОЛЕМИЛ. До Балканските војни на територијата на целата етничка Македонија, Албанците биле 128.711 т.е. 5,70 отсто. Во 1948 година само на територијата на НРМ/СРМ тие се веќе 197.389. На територијата на Косово во 1921 година Албанците се 61 отсто, во 1948 – 68 отсто, а во 1953 – 65 отсто. МОЖЕ ДА МУ ПОСАКАМЕ НА СЕКОЈ НАРОД ТАКОВ „ГЕНОЦИД“.

Второ, со барањето на геноцид целта е да се прикаже дека Албанците се афтохтон народ во Македонија. Затоа беше и нивниот револт од Македонската енциклопедија, која ги објави историските факти за нивното доселеништво дури кон крајот на 17 век. Годината 1912 како почеток на „геноцидот“ е избрана затоа што до Балканските војни во Османлиската империја постоеле Солунски, Битолски и Косовски вилает. На Косово во 1455 година Албанците се само 1%, но во 1878 година албанската Призренска лига бара Косовскиот, Битолскиот, Скадарскиот и Јанинскиот вилает да бидат обединети во општ Албански вилает. Чисто административно, Косовскиот вилает ги опфаќал Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Велес, Кочани, Штип, Радовиш, Пехчево, каде Албанците биле незабележливи. Затоа и од 1888 година центар на вилаетот станало Скопје.

СО ЕДЕН ЗБОР, ПОКРАЈ ДЕНЕШНАТА ЕТНИЧКА СОСТОЈБА ВО КОСОВО, АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА САКА ДА ЈА ПРИКАЖЕ ЦЕЛА СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА КАКО АЛБАНСКА.

Трето, признавањето на геноцид има за цел да објасни зошто од една страна, во Североизточна Македонија нема Албанци, а од друга – зошто на целата територија на Македонија моментално тие се едвај 16 отсто. Досега Албанците бегаа од попис, сега ЦИА сака да им обезбеди аргумент дека нивниот мал број е во резултат на македонскиот „геноцид“. Па, затоа било потребно не само „Рамковниот договор“ да се зачува, ами и двојазичноста да била врз целата македонска територија.

Надвор од освојувачките барања од таков вид, во платформата се бара и практично укинување на границите меѓу Албанија, Косово и Македонија, наводно со „интегрирано гранично управување“. Со други зборови – Голема Албанија.

НИТУ ЕДНА ТОЧКА ОД АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕ Е ПРИФАТЛИВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ЗАТОА ВО РАЗГОВОРИТЕ СО АХМЕТИ, ГРУЕВСКИ МОРА ДА ЈА ОТФРЛИ ТАА ПЛАТФОРМА ЦЕЛОСНО, А НЕ ДА СЕ ФОКУСИРА ВРЗ НЕЈЗИНИ ПАРЦИАЛНИ ДЕЛОВИ КАКО ДВОЈАЗИЧНОСТА И СЈО. МОРА ДА СЕ КАЖЕ ЕДНОСТАВНО НА ПОРАНЕШНИОТ ТЕРОРИСТ ДЕКА АКО НЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ВЕДНАШ ТАА ЦИЈАШКА ПЛАТФОРМА, НЕМА ДА ИМА ВЛАДА, А НОВИ ИЗБОРИ СПОРЕД МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ. И ПО ТИЕ ИЗБОРИ, НИТУ ЕДНА АЛБАНСКА ПАРТИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВА ВО ВЛАСТА.

НА НОВИТЕ ИЗБОРИ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА КАУЗА МОЖЕ ДА ДОБИЕ КОМОТНО МНОЗИНСТВО И ЦВРСТО ДА УПРАВУВА. ЗА ТАА ЦЕЛ ПОТРЕБНО Е СУШТИНСКО АКТУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, НОВИ ЛИЧНОСТИ ОКОЛУ ЛИДЕРОТ НА ПАРТИЈАТА И СОСЕМА РАЗЛИЧНИ ДЕЈСТВИЈА ОД ДОСЕГАШНИТЕ. ЗАТОА ШТО, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД САКА ДА  ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНСКА ДРЖАВА И ДА ИМА ВИСТИНСКИ ЛИДЕРИ.