Израелски борбени авиони извршиле напади врз „терористичката инфраструктура во Сирија“ како одговор на вчера истреланите ракети од Сирија кон Голанската висорамнина.
Не е прецизирано кои локации биле цел на нападот, пишува Times of Israel. Израел изминатите години изведе стотици воздушни удари во Сирија гаѓајќи позиции на владините сили и на сојузничките шиитски милиции од Либан, Ирак и Иран, во прв ред на либански Хезболах. Меѓутоа, израелската војска никогаш, или многу ретко, ги потврдува таквите напади.
Голанската висорамнина е регион на Блискиот исток кој зазема околу 1.800 квадратни метри и од 1967 година е под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. Обединетите нации го сметаа регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.
Израел кон крајот на 2021 година објави дека планира значително да ги прошири своите населби на Голанската висорамнина, којашто ја зазема ткн Шестдневна војна од 1967 година, а дотогаш беше во составот на Сирија. Во 1981 година Израел ја анектираше Голанската висорамнина и покрај противењата на Сирија и Обединетите нации кои не ја признаваат оваа анексија.
Тогашниот израелски премиер Нафтали Бенет на специјалната седница на владата во кибуцот Мево Шама во близина на Галилејското езеро изјави дека новите населби ќе бидат изградени во градот Катцрин, а ќе бидат изградени и две сосема нови населби Асиф и Матар. Владата во изградбата на населбите ќе вложи милијарда шекели, или околу 317 милиони американски долари. Бенет тогаш изјави дека планот е Голанската висорамнина да стане технолошки центар за обновливи извори на енергија во Израел.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во март 2019 година го призна израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина. Тогашните челници на Европската унија изјавија дека Брисел не ја признава оваа област за теритоја на Израел, како и всушност палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) освона во споменатата изралеско-арапска војна, каде што израелските влади со децени подигаат доселенички населби што редовно е проследено со протести на меѓународната заедница.
Повеќе од 50.000 луѓе живеат во моментов на Голанската висорамнина која изминатите години беше неколкупати гранатирана од џихадистичките групации против кои се бореше владата на сирисккиот претседател Башар ал-Асад. Малку повеќе од поливината се Евреи, а другата поливијана сочинуваат Друзите – автохтона етноконфесионална заедница, и алавитите односни припадници на огранок на шиитскиот ислам.