Научници од Кинеската академија на науките и од Универзитетот Шандонг спровеле истражување за еволутивното потекло на коронавирусот SARS-CoV-2 и сличните на него вируси, од кое резулататите се објавени во нучното списание Cell.
Стручњаците испитувале примероци од плунката и фекалиите од 342 лилјаци, собрани во периодот од мај 2019 до ноември 2020 година, и откриле 24 геноми на коронавирусот. Меѓу нив, идентификувани се четири коронавируси слични на SARS-CoV-2, кој ја предизива пандемијата на болеста Covid-19.
Притоа, еден примерок (по називот RpYN06), откриен кај потковичестите лилјаци, има разлика само во ткн „спајк протеинот“. Тој му е неопходен на вирусот за да се закачи за ѕидот на клетката на домаќинот и ја формира неговата „круна“, поради што овие вируси и го добиле името.
Како резултат на тоа, научнците дошле до заклучокот дека вирусите кои се тесно поврзани со SARS-CoV-2, продолжуваат да циркулираат кај популациите на лилјаците, а во некои региони тоа може да се случува доста често.
„Лилјаците се познати како одличен природен резервоар за различните патогени кои предизвикуваат тешки заболувања кај луѓето и поврзани се со ширењето на вирусот Хендра, вирусот Марбург, вирусот Ебола и, пред сѐ, коронавирусите. Покрај лилјаците и луѓето, коронавирусите може да заразат многу домашни и диви животни, како што се свињи, говеда, глувци, мачки, кокошки, елени и ежови….“, истакнуваат авторите на студијата за која се додава дека е првична верзија која ќе наскоро ќе биде ревидирана.
Во глобални рамки, според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), бројот на заразените со SARS-CoV-2 надминува 174,5 милиони луѓе, а според процените на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројката коронаинфекции во се приближува на 176 милиони. Повеќе од 3,7 милиони пациенти подлегнале на компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19.
Меѓу научниците сѐ уште не е постигнат консензус за потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2. На почетокот од јуни истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Беркли откриле низа на геномот во комбинацијата CGG-CGG којашто исклучително ретко се среќава во природата. Во лабораториски услови, таа се користи за да се зголеми заразноста и смртноста на вирусите кои се испитуваат.
На почетокот од годинава во кинески Вухан, каде кон крајот на декември 2019-та беше идентификуван коронавирусот SARS-Cov-2, допатува меѓунаороден тим стручњаци од различни области под покровителство на СЗО. Во нивниот извештај се наведува дека новиот коронавирус најверојатно минал на луѓето од лилјаци преку некој посреднички вид животно, додека верзијата за протекување на вирусот од лабораторија го оценија како „крајно малку веројатно“.
Верзијата за потеклото на Covid-19 преку директно пренесување на луѓето од животно, стручњаците ја ставија на списокот хипотези „од можни до веројатни“. Мисијата на СЗО, исто така, ја наведе како „можна“ верзијата за потеклото на болеста преку смрзната грата. Но САД и уште 13 земји не беа задоволни од воие наоди, и во заедничка изјава дека е неопходно да биде спроведена „транспарентна и независна“ истрага за потеклото на коронавирусот.
Кина повеќепати повторуваше дека има отворена и одговорна позиција за објавите во врска со Covid-19. Незиното министерство за надворешни работи истакнува дека од самиот почеток на пандемијата Пекинг вршел истражувања, го идентификувал патогенот и ги објавил сите клучни податоцие. Најавите од САД за дополнителни проучувања на сите информации врзани со потеклото на SARS-Cov-2, Кина ги оцени како „политича игра“ и „обид да се префлии вината“ на други за слабото справување со епидемијата на домашен терен.