Нови кривични за учесници во протестите во Ѓорче Петров

Нови кривични пријави за учесници во протестите во скопската населба Ѓорче Петров.

Поднесена е кривична пријава против А.В (24),  А.И. (53), Ф.С. (21), М.Г. (18) М.З. (17), П.Ј. (16) и С.Т. (16), поради сомневање дека на 19/20 минатиот месец биле дел од толпата што извршила кривично дело, а А.В. и П.Ј. сториле и кривично дело – “тешка кражба“.

Pричинета е материјална штета од околу 18.000.000 денари, а А.В. и П.Ј. се стекнале и со противправна имотна корист од околу 191.800 денари. На прво и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од по осум дена.

Пријавените  на 19.05. околу 19,00 ч. се собрале пред болницата „Св. Лазар“ во населба Ѓорче Петров, со цел да изразат револт  во врска убиството на Ангел Петковски, како и насилствата и кражбите  што се случуваат во населбата Ѓорче Петров, кои според кажувањето на мештаните, ги вршат лица од околните села. Насобранта толпа, по изразениот револт пред болницата, почнала да се движи по улица „Ѓорче Петров“ при што пријавените А.В., А.И., Ф.С:, М.З. и П.Ј.учествувале во каменување на два автобуси на ЈСП и оштетување на шест објекти кои се лоцирани по ул. „Ѓорче Петров“ како и казиното „Сенатор“. Покрај каменувањето на автобусите и оштетувањето на објектите А.В. и П.Ј. во казиното „Сенатор“ извршиле и кривично дело тешка кражба, при што одземале пари и се стекнале со противправна имотна корист од околу 191.800 денари.

Наредниот ден, кога повторно поради истата причина, биле организирани протести во населбата Ѓорче Петров, П.Ј., С.Т. и М.Г., водени од една група маскирани лица, повторно влегле во казиното „Сенатор“, при што учествувале во  демолирање и палење на инвентарот, кој од претходниот ден останал необезбеден во објектот.

Инаку, од седумтемина пријавени, само П.Ј. и С.Т. се регистрирани нарушители на јавниот ред и мир за што им се  поднесени соодветни прекршочни пријави.