Постои можност во Грција да се влеат уште неколку милијарди. Во германското Министерство за финансии се разгледува варијантата за нова помош за Атина, пишува весникот „Зидојче Цајнтунг“ повикувајќи се на документ од Европскиот оддел на министерството.
Пред изборите за Европскиот парламент, Германија и нејзините европски партнери треба да „испратат позитивни сигнали и да потврдат дека ќе продолжат да ја поддржуваат земјата при јасни услови“, гласи анализата, што се состои од пет страници. Се истакнува дека нереалните очекувања за ненавремено намалување на долгот на Атина би биле контрапродуктивни.