Сојузот на стопански комори (ССКМ) и Кинескиот центар за надворешна трговија (ЦФТЦ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја во Кина, како и полесен пристап на кинеските корпорации кај нас, како центар за влез на европскиот пазар.
„Целта е да им дадеме ветер во грбот на сите оние претпријатија кои се охрабруваат и бараат нови можности за надминување на состојбите, нови можности за економската соработка. Денеска повеќе отколку било кога е потребно да се градат мостови и да се трасираат дополнителни патишта кои ќе ги поврзан деловните субјекти од сите земји и ќе креираат подобри услови за бизнис“, изјави претседателот на ССКМ, Трајан Ангелоски.
Со потпишување на Меморандумот домашните компании ќе можат да воспостават директна врска меѓу компании кои размислуваат како да ги пласираат своите производи во Кина или пак им е потребна поддршка и кинеската страна.
Меморандумот за соработка предвидува двете страни заеднички да работата на промоција на соработката преку организирање на посети, саеми, бизнис патувања и консултации. Посебен акцент се става на промоција на значајните саемите за увоз и извоз кои ги организира Кинескиот центар за надворешна трговија, а на кои членовите на Сојузот ќе имаат ВИП третман.
Инаку ЦФТЦ важи за светски лидер во делот на саемски манифестации и располага со голем изложбен простор, богато искуство, професионална услуга, одлични перформанси, како и иновативни платформи за виртуелно учество на саемските манифестации. Меѓу позначајните манифестации кои ги организира се Кантонскиот саем, Кинескиот меѓународен саем за мебел, Кинескиот меѓународен саем за градежништво, Меѓународниот саем за автомобили.