Во текот на четвртокот полициските службеници добиле известувања за два случаи на подметнувања пожари на возила, од кои едниот во Куманово, за среќа, е брзо изгаснат, но во Скопје пожарот подметнат на автомобил се на друго возило и близок објект.
како штои информираат од МВР, вчера 19,10 часот во Куманово на улица „Никшиќка“ непознато лице истурило и запалило непозната запалива течност најверојатно бензин до тротоарот, каде било паркиран автомобил „опел тигра“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на 72-годишната Љ.М.
Од предизвиканиот пожар се запалил дел од воилото, односно браникот и регистарската ознака, но за среќа пожарот е изгаснат од синот на сопственичката на автомобилот.
Ноќта кон петокот, пак, околу 01,00 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Борис Сарафов“, во скопската населба Ѓорче Петров, засега непознат сторител дошол до паркиран автомобил „опел астра“ со скопски регистерски ознаки сопственост на 38-годишниот Г.Т.(38) и со употреба на запаливи материи кои ги поставил на горните делови од гумите и откако го предивикал пожарот побегнал во непознат правец.
Пожарот се раширил и зафатил поголем дел од возилото, но исто така опожарени биле и автомобил „шевролет матиз“ со скопски регистерски таблици сопственост на 35-годишниот Н.С., два прозорца и климатизер од стан, надворешна единица од климатизер од продавница сопственост и надворешни ролетни на два прозорца од уште еден стан. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје бил локализиран пожарот.
Полициски службеници од СВР-Скопје излегле на местото на инидентот, и при криминалистичко техничка обработка биле подигнати опожарени материјали кои се предадени за натамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преемаат мерки за целосно расчистување на случајот.