Нови потреси во Романија и Турција

Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала во вторникот попладнето ја погоди Романија, според интернет страницата на EMSC.

Според веб-страницата, земјотресот е регистриран во 16 часот и 24 минути по локално време.

 

 

Малку пртходно во вторникот земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Турција, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 15:50 часот по локално време, а епицентарот бил во близина на Караманмарас.

Засега нема информации за нови жртви и причинета штета.