Македонската ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз од Унгарија во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во Данска, но се соочи и со нови пробелми околу повредени играчи. Дополнителни проблем за селекторот Ивица Обрван се повредите на столбот на одбранта Велко Маркоски и левото крило Гоце Ојлески.
„Во вториот дел од натпреварот воопшто не можевме да сметаме на Велко Маркоски. Непосредно пред излегувањето на терен тој се пожали на болка во пределот на грбот, по што лекарите ми соопштија дека нема шанса тој да игра во вторите 30 минути. Делува како да станува збор за хематом, но во моментов не би можел да дадам поконкретна прогноза. Што се однесува до Ојлевски, тој незгодно го свитка скочниот зглоб, па по деталните лекарски прегледи ќе знаеме дали и колку ќе треба да паузира“, изјави Обрван на прес-конференцијата по мечот.