
Помала група студенти утрово одржува мирен протест пред солунскиот Универзитет Аристотел откако доцна синоќа, припадниците на универзитетската полиција беа распределени и во кампусот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Масовен протест, синоќа беше одржан во Атина, на кој имаше и мали изолирани тензии, а студентите во Грција реагираат откако минатата седмица започна распределувањето на припадниците на новоформираната универзитетска полиција, односно „Тимовите за заштита на универзитетски институции (ОППИ)“ во универзитетскиот кампус во Атина
Планирано е у ниверзитетската полиција да почне со работа на три Универзитети во Атина и на еден во Солун.
Припадниците на тимовите за заштита на универзитетски институции на средината на мај ја завршија обуката, се чекаше објавување на Претседателскиот декрет кој ќе го регулира нивното работење.