Нови протести избувнале во неделата на универзитетите во главно курдскиот северозапад на Иран, продолжувајќи го седумнеделниот протест за кој Техеран тврди дека е подготвуван и поддржуван од странство.
Протестите, кои започнаа кон средината на септември на 22-годишната Махсе Амини од курдската заедница откако била уапсена од етичката милиција поради кршење на прописот за покривање на косата со шамија, се претворија во најголемиот предизвик за клерикалните власти од револуцијата во 1979 година, иако властите тврдат дека обдукцијата покажала дека младата жена починала од други здравствени проблеми кои ги имала од порано.
За разлика од протестите во ноември 2019 година, сегашните протести се одвиваат низ целата земја, главно на универзитетите, па и училиштата, а се преселија и на улиците во регионите каде живее сунитското малцинство. Протестите не покажуваат знаци на попуштање додека бројот на мртвите се приближува до 200, според западните невладини организации.
Официјален Техеран објави дека во насилните протести биле убиени неколку десетици припадници на безбедносните сили.
Норвешката невладина организација Hengaw, објави дека наводно безбедносните сили отвориле оган во неделата во Мариван, град во покраината Курдистан, при што биле ранети 35 лица.
Повод за најновиот протест била смртта во Техеран на курдска студентка од Мариван, Насрин Гадри, којашто според Hengaw починала во саботата откако наводно ја тепала по главата. Оваа норвешка невладина организација објави дека девојката била погребана во мугрите без погребна церемонија наводно по барање на власите кои стравувале дека настанот би можел да стане жариште на протест. Власите по тоа испратиле засилување во областа, се додава.