Околу 300 лица организираа протест во Балтимор извикувајќи „Тоа не е мојот претседател!“ а на транспарентот пишуваше „Јас не сум ја избрал омразата за претседателска функција“.
Демонстрации имаше и во Чикаго, во Денвер и во Далас.
Во Сан Франциско протеститаа околу илјада млади луѓе, при што беше блокиран сообраќајот во финансискиот кварт.
– Доналд Трамп е расист. Тој ги напаѓа имигрантите и муслиманите, изјави демонстрантката Памела Кампос.
Во Лос Анџелес стотици студенти протестираа во кампусот на Калифорнискиот универзитет. Тие носеа транспатенти: „Љубовта ќе ја порази омразата“ и „Откажете се од Трамп“.
Околу 200 лица протестираа на Вашингтон сквер во Њујорк.