Нови шест, од кои две странски дирекни инвестиции, ќе влезат во Општина Илинден. На последното електронско јавно наддавање во октомври, за отуѓување на градежно земјиште во локалните економски зони во Општина Илинден, компаниите „МАН импортер“ и „Атлантиц траде“, од Хрватска и домашните фирми „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти.
Атлантиц траде“ ќе гради дистрибутивно логистички центар во кој покрај магацинскиот е предвиден и деловен простор. Целата инвестиција во вредност од 2.000.000 евра, ќе обезбеди отворање на 100 нови работни места.
„МАН импортер“, пак, ќе гради продажно сервисен центар вреден, 2.000.000 евра во кој ќе бидат вработени 100 лица.
Домашната компанија „Тотал логистик“ на електронското јавно наддавање купи две градежни парцели од кои на едната ќе изгради фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата логистичко дистрибутивен центар. Вкупната инвестициоја изнесува 3.000.000 евра, а ќе бидат отворени 150 работни места.
Логистичко дистрибутивен центар, како и простории за дирекцијата ќе гради и компанијата „Кам фуд“, за што ќе бидат вложени 2.000.000 милиона евра, со што ќе се креираат нови 150 работни места.
Фирмата „Мобико“ која што се занимава со услуги во делот на информатичката технологија во својот нов објект во кој ќе бидат вработени 10 лица ќе вложи 1 милион евра.
– Со новите инвестиции ќе продолжи инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден последниве неколку години. Новите, како и проширувањето на постоечките инвестиции ќе придонесат за брз и одржлив локален економски развој и отворање на нови слободни работни места, а со тоа и поквалитетен живот на жителите на Општина Илинден и регионот, велат од општината.