Мажот идентификуван како американецот што се бори за Исламска држава објави видео снимка во која дава пофалба за нападот во ноќниот клуб во Орландо.
Нападот го изведе симпатизерот на ИД Омар Матен, Американец со потекло од Авганистан, а тој уби 49 лица во геј клуб во градот на Флорида.
Американските власти сеуште официјално не потврдиле дали навистина се работи за напад на Исламска држава, но во новата снимка Абу Исмаил Амрики ја пофали оваа акција на Матен.
Американецот се појавува во војничка униформа, говори англиски, се слуша арапска музика, а во рацете држи пушка.
Како што пишува Ен Би Си, покрај пофалбите за Орландо, џихадистот спомн ува и ненадеен напад за време на Европското Првенство во фудбал, како и дека операцијата е во тек.