Објавени се нови видео снимки од третиот напаѓач на бриселскиот аеродром. Белгиските истражни органи објавија нова видео снимка од мистериозниот „Човек во бело“ или „Човек со шапка“ за кого што се верува дека е третиот напаѓач на бриселскиот аеродром Завентем и кој најверојатно е во бегство.
Полицијата побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот, пренесува „Раша Тудеј“.
Според полицијата, напаѓачот побегнал од аеродромот веднаш пред нападите, а зад себе оставил голема торба со експлозиви.
Видео снимката од надзорните камери го покажува осомничениот како излегува од аеродромот оди кон паркингот и си заминува.
Осомничениот го напуштил аеродромот околу 8.50 часот по локално време и околу 9.50 часот неговиот автомобил исчезнува во центарот на Брисел.
Напаѓачот го фрлил палтото и полицијата бара помош од јавноста да се јават доколку неговата облека биде најдена.