Нови вработувања во германски „Дрекселмајер“

Нови вработувања во германски „Дрекселмајер“,  најави комерцијалниот директор на фабриката.

Секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден. Во погоните на оваа германска инвестиција до крајот на годинава ќе бидат ангажирани уште 500 работници, со што бројот на вработени лица ќе надмине шест илјади.

За ова во Дневникот на МТВ информираше комерцијалниот директор на фабриката Ѓорѓи Тренковски.

„Дрекселмајер“ најголем странски работодавач во земјата

Нови вработувања во германски „Дрекселмајер“
Нови вработувања во германски „Дрекселмајер“

Германски „Дрекселмајер“ со над 5.500 вработени во моментов е најголемиот странски работодавач во Македонија.

„Дрексемајер“ е најголем работодавач во државава вклучувајќи ги и домашните фирми. Компанијата е многу горда за успехот којшто го има во Македонија и како пример би сакал да го посочам „Семејниот ден“ којшто го организиравме оваа недела, во кој над 11.000 посетители, фамилиите на нашите вработени имаа ретка можност во игри, забава, атракција, да го посетат производството и да влезат во производот, којшто ние го правиме, објаснува Тренчевски.

Во фабриката на германски „Дрекселмајер“  се произведува целокупниот кабелски сет за новата Ц класа на „Мерцедес“, односно на „Дајмлер“.

„Дрекселмајер“ има потреба од висок опсег на високостручни кадри, вклучувајќи инженери, економисти, правници, вработени коишто имаат средна стручна подготовка, се разбира, секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден, вели Тренковски.

Производот е баран на европските пазари  – се јавува потреба од дополнителен кадар

Во однос на најавените нови вработувања во германски „Дрекселмајер“, комерцијалниот директор појаснува дека поради тоа што производот е толку баран на европските пазари, а тука влијае и успешноста, се појавува потреба за дополнителен кадар.

Многу среќни што Македонија успеа да се избори за свое место под сонцето, да го има напродаваниот модел на Мерцедес, каде што кабелскиот сет се произведува токму кај нас во нашата фабрика, додава тој.

Најдобри стандарди за здравје и безбедност при работа

Тој појаснува дека најгорди се со постигнатите резултати во однос на здравјето и безбедноста при работата.

При сите многубројни инспекции не сме имале никогаш наод, никогаш „Дрекселмајер“ немал некои работни услови коишто се надвор од законските прописи, напротив, согласно искажаното од инспекторите, „Дрекселмајер“ има најдобри стандарди за здравје и безбедност при работа во Македонија и сме многу среќни бидејќи никогаш не сме имале инцидент. Овде сакам да напоменам дека кога некогаш се зборува во медиумите, тоа е многу неточно искажано. Напротив, кај нас стандардите се на многу високо ниво, и ќе продолжиме да ги подобруваме, заклучува тој.

Со најавените нови вработувања во германски „Дрекселмајер“ ќе бидат вработени над 6.000 лица. Ова дополнително ќе придонесе оваа компанија и понатаму да биде етаблирана како еден од најголемите работодавачи во земјата.

 

За другите странски инвестиции од автомобилската индустрија на следниот линк.