![brodovi rusija kina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/chinarussiadrills.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Воените морнарици на Русија и Кина ќе одржат заеднички поморски вежби во периодот од 21-ви до 27-ми декември, соопшти во понеделникот руското Министерство за одбрана.
Овие заеднички поморски вежби, кои се одржуваат секоја година од 2012-та, ќе вклучува и ракетно и артилериски гаѓање во водите на Источното Кинеско Моред.
„Главната цела на маневрите е јакнење на поморската соработка меѓу Русија и Кина, како и одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион“, се посочува во соопштението од Москва.
Русија објави дека во вежбите ќе учествуваат нејзини четири борбени бродови, меѓу кои и ракетниот крстосувач „Варјаг“. Од кинеска страна ќе бидат вклучени шест воени пловила, со ангажирање на борбени авиони и хеликоптери од двете страни.
Руските бродови веќе испловиле од далекуисточното пристаниште Владивосток за учеството во маневрите кои започнуваат во среда и ќе траат следните седум дена.
Руските и кинеските поморски, како и копнените сили, годинава спроведоа низа заеднички воени вежби. Така во втората половина од октомври руски и кинески бродови првпат заедничкии патролираа во западниот дел од Тихиот Океан. Русија и Кина претходно во октомври одржаа и заеднички воено-поморски маневри во водите на Јапонското Море, а последните години чувствително ги подобрија меѓусебните економски и дипломатски врски, што се смета за одговор на Москва и Пекинг на заострувањето на односите кон двете земји од страна на Западот, во прв ред САД.
Поморските маневри со големо внимание ги следи Јапонија која пред два месеца објави дека група од десет кинески и руски бродови пловеле низ теснецот Сангару кој го раздвојува најголемиот јапонски остров Хоншу од Хокаидо, но во меѓународните води. Токио тогаш ги активираше ловците на своето воено воздухопловство, поради полетите на руските и кинеските хеликоптери вклучени во вежбите.