Нови земјотреси во Италија, сеизмолозите велат дека би можеле да траат со недели

италија

Епицентарот на последниот потрес се наоѓал на 124 километри североисточно од Рим и бил на длабочина од два километра под површината на земјата.

Според истакнатиот италијански сеизмолог Џанлука Валенсисе, земјотресите кои го погодија централниот дел на Италија во последните два месеца би можеле да продолжат како домино ефект, така што еден силен потрес би можел да води кон друг долж централниот Апенински систем.

Потрес со интензитет од 6,6 степени, според Рихтерова, скала ја погоди вчера оваа област, во која на 24 август загинаа 297 луѓе при земјотрес со интензитет од 6,2 степена.

Меѓу овие два земјотреса регистрирани се илјада помали потреси.

Последниот земјотрес не предизвика жртви, но беше најсилниот кој ја погодил Италија од 1980 година, една од сеизмички најактивните земји во светот.

Сеизмолог на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија истакна дека постои „геодинамичка поврзаност“ меѓу катастрофалниот земјотрес во август и сите останати кои следеа.

Валенсисе нагласи дека потресите ќе траат „уште барем неколку недели“, но не може да се процени дали во тој период ќе има уште силни земјотреси.