Новинар до Коѕијас: Како ќе се чувствувавте ако вашата земја се нарекуваше „Поранешна провинција на Отоманската империја“?

Подготвена ли е Грција за поголем компромис во спорот за името на Македонија и како би се чувствувалe ако вашата земја се нарекуваше „поранешна провинција на Отоманската империја“? Ова прашање бугарски новинар од агенцијата БГНЕС му го поставил на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

Коѕијас кој престојува во Бугарија на Самитот на ПСЈИЕ, избегнал да даде одговор на ова прашање, и повторно се „фатил“ за мерките за градење доверба како грчки придонес во подобрување на односите со Македонија.

Грција создава засилени мерки за доверба со својот северен сосед. Јас мислам дека тоа е многу важен чекор, сега  го оптимизираме дијалогот меѓу политичките директори  и ќе го продолжиме тоа, рече Коѕијас.

Веројатно незадоволен и од прашањето и од одговорот, на јутјуб каналот на министерството е објавена само изјавата на Коѕијас по повод 20 години од формирањето на Процесот за соработка во ЈИЕ, но не и остатокот од со прашањето и одговорот од министерот.