Новинар на Радио Слободна Европа осуден на шест години затвор во Белорусија

Андреј Кузњецик, новинар на белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, на 8 јуни беше осуден на шест години затвор под строго обезбедување, под обвинение дека учествувал во создавање или бил дел од екстремистичка организација.

Кузњецик (43), татко на две деца, првпат бил уапсен на 25 ноември 2021 година додека возел велосипед во близина на неговата куќа во Минск и оттогаш е во притвор, пренесува РСЕ.
Откако отслужи две последователни десетдневни административни казни за „хулиганство“, белоруските власти покренаа кривична постапка против него на 23 декември 2021 година, на денот кога Министерството за внатрешни работи ја додаде белоруската служба за РСЕ/РЛ во својот регистар на екстремистички организации.

Обвиненијата против Кузњецик останаа непознати до крајот на мај 2022 година, поради судска наредба со која се забранува коментирање на случајот.

Според членовите на неговото семејство, на регионалниот суд Могилев му биле потребни само неколку часа да го разгледа случајот на 8 јуни, пред да осуди новинар на шест години затвор.

Претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, рече дека новинарот на куќата што ја раководи е „осуден за смешни обвиненија на судење зад затворени врати, кое заврши за неколку часа“.

„Значајно е што обвиненијата против него се појавија дури на крајот на мај, повеќе од шест месеци откако беше првпат уапсен. Бараме итно ослободување на Андреј“, подвлече Флај.

Кузњецик е еден од тројцата новинари на РСЕ кои моментално се затворени во Белорусија.

На 10 мај, судот во Минск ја отфрли жалбата на Алех Хрузџиловиќ и ја потврди казната од 18 месеци во максимално обезбедениот затвор.

На 31 мај, Врховниот суд на Белорусија ја разгледа жалбата на Ихар Лосик, отфрлајќи ја следниот ден и потврдувајќи ја неговата казна од 15 години.

Белорускиот сервис РСЕ, локално познат како Радио Слобода, со месечен просек од преку 33 милиони посети на своите веб-локации и 59 милиони прегледи на страници, за прв пат е основан во 1954 година и е водечки снабдувач на вести во едно од најрестриктивните општества во Европа. пркосејќи му на виртуелниот владин монопол над домашните електронски медиуми.