Новинарите на Македонската информативна агенција (МИА) денеска биле нападнати за време на протестот за „Монструм“, и биле оневозможени да го вршат преносот во живо.
Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбиваа да се повлечат и започнаа да фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон.
Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар.