Новинарите на СОРОС прават подлога за неуспех на разговорите во Брисел

Машинеријата создадена од соросовите новинари и самопрогласени експерти  тргна во акција, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека по првичниот договор  за решавање на политичката криза во земјава и најави нова средба за следната недела во Брисел кој беше постигнат на средбата помеѓу еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан со партиските лидери во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ  соросовите новинари и самопрогласените експерти  ја засилија на дело  својата улога во создавањето подлога со која би се создала платформа за пласирање на информацијата дека разговорите закажани за следната недела во Брисел со цел да се  постигне конечниот договор што ќе и овозможи на земјата да оди напред и да ја искористи актуелната криза за модернизација  нема да  успеат со што ќе пропадне договорот од Скопје според кој во април идната година ќе се одржат вонредни избори во Македонија.

Според „Курир“ ваквото делување на машинеријата предводена од СОРОС го покажува практично и транспарентно стравот на опозицијата и СДСМ кои на овој начин се обидуваат да нема избори и да се избега од оваа тема.

Ова доаѓа оттаму што и нив им е совршено јасно дека немаат поддршка од страна на македонскиот народ кој својата поддршка ја насочува кон ВМРО – ДПМНЕ, паријата која победи на изборите одржани пред една година и продолжи со реализација на програмата и ветувањата. Преку ваквото делување машинеријата на СОРОС  се обидува да избегне соочување со реализацијата на ветените проекти, а такви има мноштво.

– Пензиите во просек се зголемени за 62%, а најниските пензии се зголемени за 76%. Следно покачување е во октомври согласно ветеното. Покрај ова за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25.000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година уште 5000 ќе одат. Социјалната парична помош е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.

gruevski-plati500

– Владата на Република Македонија усвои предлог закон за дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се решава проблемот со кој се соочуваа 20.000 граѓани. Со законското решение на Владата се врши ослободување од кривично гонење на лицата за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело по член 380 од Кривичниот законик – Употреба на исправа со невистинита содржина, односно на лицата кои што во постапката за пријавување во здравственото осигурување пред Фондот за здравствено осигурување поднеле изјава со невистинита содржина за остварените приходи во претходната година согласно прописите за придонесите од задолжителното осигурување.

– Социјалната помош од први јуни се зголемува за цели 10 проценти, а згрижувачките семејства и родителите со деца со пречки во развојот ќе имаат за 25% поголем надоместок. Следува и септемвриско зголемување на платите. Ова е исполнување на ветувањето на Груевски кое го даде на народниот собир во Спортската сала „Борис Трајковски“ каде вети зголемување на социјалната помош не за 5 како што беше првично најавено, туку за 10 проценти.

– Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи.

– До сега се одобрени 5.079  ваучери за студенти, од кои  3.200 ги подигнале ваучерите од факултетите.

– Оваа година на бесплатен одмор ќе заминат 2000 деца, а аплицирањето ќе трае до 17 јуни. Децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение четврта година по ред ќе заминат на бесплатен летен одмор. За реализација на овој проект обезбедени се 8 милиони денари.

50000000000000

– Се градат нови, се обновуваат стари патишта. Градежната оператива е на терен. Низ земјава се случува инфраструктурен бум! Над 2.500 работници во моментов работат на изградба на вкупно 230 километри патна инфраструктура- автопати, магистрални, регионални и локални патишта низ Република Македонија. Летните месеци се поволни за изграба, па согласно динамиката, наскоро се очекува овој број да се зголеми. Како никогаш досега, истовремено се работи на изградба на три нови автопатски делници со вкупна должина од 132  километри. Станува збор за Демир Капија – Смоквица,  Миладиновци– Штип,  Кичево- Охрид. Се рахабилитираат и автопатските делници Велес- Катланово, Велес- Кадрифаково, како и многу други локални патишта. Пробиени се 80 проценти од трасата Миладиновци- Штип, за чија изградба се ангажирани 500 работници, додека на автопатот Кичево- Охрид работат 1.000 работници. На делницата Демир Капија- Смоквица се ангажирани 700 работници, додека на делницата Велес- Катланово 100 работници.

2500misajlovski

– Објавени се пет нови огласи за вработување- мерки кои се дел од Оперативниот план за вработување. Сите заинтересирани невработени лица можат да аплицираат на четирите огласи за вработување преку кредитирање и еден за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на пpодолжување за социјално загрозените лица кои се објавени преку Агенцијата за вработување на Република Македонија

– Продолжуваат инвестициите во спортот: Отворени две двојни тениски игралишта во СЦ „Борис Трајковски“.Во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје се пуштени во употреба две двојни тениски игралишта, инвестиција вредна 18 милиони денари како дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски игралишта

fototeniss

„Курир“ нагласува дека овие и многу други проекти кои владата на Република Македонија ги реализира во рамките на својата политичка програма која доби поддршка од граѓаните на последните избори машинеријата на СОРОС залудно се обидува да ги нивелира објавувајќи преку своите новинарски пулени текстови и нарачани анализи преку кои се обидуваат да ја насочат јавноста кон уште една евтина манипулација.

Имено, новинарско перо прегратките на матицата СОРОС во својата колумна  се обидува да пласира информација како договор нема ниту пак ќе има. Запаметен ќе остане потегот на Бранко Геровски кој веднаш по изјавата на Хан која лично ја следеше, новинари очевидци тврдат дека истелефонирал и првата реченица во разговорот му била „овие ни пак ни го начукаа“. Од оваа реченица која беше слушната од присутните новинари може да се заклучи дека постигнатиот договор од разговорите со Хан не е по мерката на Геровски како и соросовите новинарски пера за кои е познато дека се главните креатори на политичките потези на СДСМ и Зоран Заев.

Она што е непознато е кому тоа Геровски му го порача, но она што е совршено јасно и по Фејсбук коментарите и натписите кои следеа дека Геровски е незадоволен од исходот и постигнатото решение, па веднаш потоа почна да дели лекции на неговиот Фејсбук профил дека грешките не требале да се повторуваат од минатото.

Во пракса неговата желба и предвидувањето ја пренесоа и ја разработија како тема сите соросови медиуми кои кажуваат и пишуваат дека договор најверојатно нема да има со што во основа нема да има исполнување на договорените избори.

СДСМ според логиката и пресметка на луѓето на СОРОС  со ова би постигнале  да се избегнат избори и не би се тестирала волјата на македонскиот народ  кој во огромно мнозинство ја подржува владата и ВМРО ДПМНЕ , а ова можеше на дело да се види и од големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ пред Собрание кој се одржа на 18.05.2015 година.