Новинарот Сашо Ораданоски предизвикал инцидент на брифинг во Владата во понеделникот, дознава “Лидер” од присутни на состанокот.
Како што дознава порталот Владата денеска свикала затворен брифинг, со цел да ги дисциплинира новинарите и редакциите. Соговорникот на Лидер тврди дека Орданоски ги шокирал присутните „подобни новинари“, како и министерот Венко Филипче и техничкиот премиер Оливерт Спасовски.
Се случи нешто незамисливо, Сашо Орданоски се јави за дискусија и соопшти дека бил во контакт со женско лице од Италија, пред две недели. Кажа дека пред една недела се тестирал, ама бил негативен.Спасовски и Филипче беа фрапирани,ама работата се заташка, сведочи изворот.
Во коментарот се наведува дека овој инцидент покажува голема неодговорност за Орданоски, но и за Владата и кризниот штаб. Затоа што периодот за инкубација на коронавирусот понекогаш надминува и 20 дена, ова значи дека Ордановски, кој не се ставил во карантин ги загрозил сите присутни.
Орданоски и Владата, треба да одговорат на прашањата:
-Од кога до кога бил во контакт со тоа лице од Италија?
-Каде се остварил тој контакт?
-Зошто чекал недела дена за да се тестира и зошто не отишол во карантин?
-Од контактот, па до тестирањето со кој се бил во контакт?
Во исто време, чудно е и тоа што владините претставници, кои самите биле ставени во ризик, не реагирале.