Новинарот Томислав Кежаровски пуштен на слобода

По барање на директорот на затворот во Шутка денеска на слобода е пуштен новинарот Томислав Кежаровски, кој е обвинет за неовластено давање информации и податоци за сведоци.

Затворската казна му се прекинува за еден месец, односно му било речено во затвор да се јави на 18. февруари, кога ќе продолжи со издржувањето на казната од три месеци и осум дена.

Тој е ослободен поради здравствени причини.

Претходно, Апелацискиот суд Скопје ја намали казната за Кежаровски кој наместо 4 ипол, доби 2 години затвор.

За денеска беше најавен протест пред Апелација со почеток на пладне во знак на поддршка за негово ослободување.

На Кежаровски денеска му било соопштено дека казната му се прекинува во траење од еден месец, и дека треба да се јави во скопскиот затвор на 18 февруари, годинава.