Новинските агенции ја повлекоа првата фотографија од принцезата од Велс по операцијата како „манипулирана“

Неколку водечки новински агенции ја поглекоа фотографијата од Кетрин Мидлтон, британската принцеза од Велс, објавена од Кенсингтонскиот дворец откако анализата по објавувањето покажала дека не ги исполнува нивните уредувачки стандарди поради сомневањата дека е манипулирана.

Дворецот објави фотографија од принцезата Кејт и нејзините три деца во неделата, заедно со порака за благодарност од принцезата. Фотографијата направена од принцот Вилијам е првата фотографија објавена од Кенсингтонскио дворец по нејзината операција на абдоменот во јануари.

Фотографијата беше објавена на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс со порака од Кетрин која гласеше: „Ви благодариме за добрите желби и континуираната поддршка во изминатите два месеца. Среќен Ден на мајката на сите“.

Во Велика Британија во неделата беше одбележан Денот на мајката.

Новинските агенции, вклучувајќи ги Getty, Reuters, Associated Press и AFP, ја повлекоа фотографијата подоцна во текот на денот. Уредниците на фотографии на Reuters наведуваат дека „дел од ракавот на кардиганот на ќерката на Кејт не бил правилно нареден, што укажува на тоа дека сликата е изменета“.

Водечките новински агенции за дистрибуција на фотографии забрануваат објавување на прекумерно уредувани слики.

Прирачникот за новинарство на Reuters наведува, на пример, дека алатката за уредување Photoshop може да се користи само во многу ограничени случаи. „Ние користиме само мал дел од неговиот потенцијал за форматирање на нашите слики, нивно сечење и балансирање на тонови и бои“.

Кенсингтонскиот дворец засега не одговори на барањата за коментар.

Агенцијата Reuters во соопштението рече дека ја повлекла сликата по прегледот по објавувањето. „Го разгледуваме случајот“, рече портпаролот.

Кенгсинтонскиот дворец соопшти дека фотографијата е направена минатата седмица од сопругот на Кејт, престолонаследникот Вилијам. На неа се гледа дека Кејт се насмевнува и изгледа добро, опкружена со принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Кејт отсуствува од јавниот кралски живот од јулијански Божик, што ги поттикна гласините и шпекулациите на социјалните мрежи за здравјето на принцезата. Дворецот Кенсингтон за време на операцијата соопшти дека Кејт најверојатно нема да се врати на службените должности до Велигден, кој според јулијанскиот календар се паѓа кон крајот на овој месец. Се вели дека ќе има „важни ажурирања“ за нејзиното закрепнување.