
Новиот нацрт-буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, кој беше предложен денес од страна на Европската комисија, а кој предвидува зголемување на индивидуалните придонеси на државите, наиде на различни одговори од членовите, од кои некои најавија дека нема да ја прифатат.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц рече дека, иако има позитивни елементи во предложениот буџет, тој не е прифатлив во неговата сегашна форма.
За нас прифатливото решение е се уште далеку, изјави Курц за новинарите, велејќи дека очекува „тешки и долги преговори“.
Тој смета дека препораките во врска со надворешните граници на ЕУ се позитивни, но дека сегашниот предлог им наметнува преголем товар на оние кои придонесуваат кон буџетот.
По Брегзит, ЕУ треба да стане поекономична и поефикасна, рече Курц.
Предложениот буџет не е прифатлив ниту за Холандија, вели премиерот Марк Руте, кој се залага за модерен буџет со праведна дистрибуција на товарот. Според него, помалата Унија по Брегзитот мора да значи помал буџет, што значи тежок избор.
Холандија е една од побогатите земји која дава поголем придонес за ЕУ отколку што и се враќа.
Новиот предлог Буџетот предвидува зголемување на придонесот на земјите членки во заеднички фонд од 1 на 1.114 проценти од БДП, но, исто така, директно поврзување на почитување на владеењето на правото и користење на парите од буџетот на ЕУ.
Предлогот на ЕК за намалување на буџетските субвенции за земјоделците од пет проценти не е прифатливо за Франција, чие министерството за земјоделство најавува дека ќе се спротистави на овој предлог.
Германија, чија нето-уплата во буџетот на ЕУ е најголема, реагираше внимателни и ја потврди подготвеноста да потрошат повеќе, но само ако тоа е „праведно“.